Јавна дебата за пристапот на Ромите до здравствени услуги и права

„Пред законот Ромите се исти, во здравствената пракса се дискриминирани”. Ова е насловот на јавната дебата што Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа, Скопје ќе ја организира во четврток, 1 февруари 2018 година, во 11 часот, во Јавна соба во Скопје.

На неа ќе дебатираат доктор Владимир Трајковски, Јована Јовановска Кануркова, правен советник од Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија, Данче Гудева Никовска, офицер за здравје и храна во канцеларијата на УНИЦЕФ и Љатифе Шиковска, ромски здравствен медијатор и претседател на организацијата Амбрела од Шуто Оризари.

Јавната дебата е прва од вкупно две јавни дебати што Фондацијата ИДЕА Југоисточна Европа, Скопје ќе ги организира во рамки на проектот „Менување на наративите кон Ромите во здравствените институции”.

Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Дебатата е дел од активностите што Фондацијата ИДЕА ЈИЕ ги спровдува во рамки на овој проект. Освен овој настан, ИДЕА ЈИЕ ќе подготви вкупно 12 кратки видеа во Види Вака формат, со цел да се подигне свеста кај јавноста за предизвиците со кои се соочуваат Ромите во пристапот до здравствени услуги и права и со тоа да придонесе да се сменат негативните наративи во здравствените институции кон оваа заедница во Република Македонија. Свеста ќе се менува и преку постери, но и преку едукативни анимации за правата и обврските што ги имаат Ромите како пациенти, но, и за докторите и другите медицински работници.



X