Овој дом верува дека владејачката партија во Македонија тежнее кон апсолутна власт

Датум: 22. 05. 2013 година

Локација: Дом на АРМ, Струмица

Модератор: Весна Коловска, Диверзити Медиа

Говорници:

Владимир Божиновски, Политиколог

Петар Гошев, Поранешен гувернер на Народна банка на Република Македонија

Цветанка Иванова, Пратеник од редовите на СДСМ во Собранието на Република Македонија

Видео: https://www.youtube.com/watch?v=KbDVGqMS5-I

 

Транскрипт од дискусијата:

Весна Коловска:

Проектот „Дебати_мк“ вклучува десет дебати и има за цел да ги поттикне луѓето надвор од Скопје и јавноста во Македонија да учествуваат со свои прашања, дискусии и ставови во врска со актуелни теми во земјата. Темата на оваа дебата е „Апсолутна власт“. Струмица, како општина во која ист градоначалник доби трет мандат на локалните избори е домаќин на дискусијата. Живееме во држава во која седма година една иста коалиција е на власт.
Ќе зборуваме за тоа како се практикува власта во општество во кое се практикува парламентарната демократија. Меѓутоа, многупати имаме прилика да слушнеме дека по локалните избори, влегуваме во период на апсолутистички систем што по дефиниција значи дека власта не подлежи на никаква регуларна проверка од страна на некаков општествен инсистут како судство, законодавство, религија, економија или избори. Моќта на тие држави е тесно поврзана со силата на своите владетели. Дали навистина е така? Која е врската меѓу оваа дефиниција и нашата парламентарна демократија во моментов? Каде е тука улогата на Собранието? Каде се невладиниот сектор, граѓанството? Колку граѓанството е заинтересирано да влијае врз одредени улоги?

Тоа се тезите на кои ќе дискутираме со политикологот Владимир Божиновски, со господинот Петар Гошев, поранешен гувернер на Народна банка на Република Македонија и госпоѓа Цветанка Иванова, пратеник од СДСМ во Собранието на Република Македонија. Во последен момент учеството го откажа Славе Гошев, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

X