Ромите во Македонија имаат неповолен здравствен статус бидејќи голем дел од заложбите да се смени оваа ситуација постојат само на хартија. Во реалноста Ромите се соочуваат со голем број на проблеми и предизвици кога се обидуваат да добијат здравствена услуга. Тешко се менува и односот на здравствените работници кога на вратата им тропаат пациенти Роми. Ова е заклучокот од втората јавна дебата „Менување на наративите кон Ромите во здравството е тежок процес“, која се одржа на 2 април во Скопје.

April 24, 2018

Пред законот Ромите се исти, во здравствената пракса се дискриминирани. Ова е насловот на јавната дебата што Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа, Скопје ќе ја организира во четврток, 1 февруари 2018 година, во 11 часот, во Јавна соба во Скопје.

January 30, 2018
X