„Менување на наративите кон Ромите во здравствените институции” е проект кој што има за цел да ја подигне свеста кај здравствените работници во пристапот кон овозможување на здравствени услуги за ромската заедница во Република Македонија. Проектот има за цел да посочи на главните проблеми за дискриминација кон Ромите пациенти и да се работи на тоа дискриминицијата да се намали. Дополнително, проектните активности се во насока на запознавање на Ромите за нивните права и обврски како пациенти, но и потсетување на правата, обврските и одговорностите на лекарите и на останатиот медицински персонал.

Целта на проектот е преку 12 кратки видеа во Види Вака формат да се опфатат 12 различни теми од работата на невладини организации во Македонија кои што се занимаваат со пристапот на Ромите до здравствени права, случаи на дискриминација, однос пациент-доктор, човечки приказни, позитивни примери од успешни активности на лекари во пракса кои што работат со Роми, влијанието на социо-економската состојба на Ромите за пристап до здравствени услуги, колку тие ги знаат нивните права како пациенти. Како резултат од проектот се и три анимации кои што имаат едукативен карактер и кои имаат за цел да ја подигнат свеста кај Ромите, здравствените работници, но и пошироката јавност.

Освен активностите на Интернет и на социјалните мрежи, проектот има и офлајн активности. Два вида постери, еден кој се обраќа до лекарите и здравствените работници, а друг кој се обраќа до пациентите, посочувајќи какво се правата запишани во закони и во Уставот, а каква е ситуацијата во пракса, ќе се поставуваат на јавни места со цел да допреме до двете целни групи и да го посочиме очигледното, но воедно да делуваме да се сменат ситуациите.

Планирани се и две јавни дебати. На нив е планирано да учествуваат важните засегнати страни во општеството, со цел да се истакнат проблемите, потребите и решенијата за надминување на одредени ситуации со кои Ромите често и одново пак се соочуваат во здравствената пракса.

Проектот го спроведува Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа, Скопје. Тој е финансиран од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Проектот ќе трае четири месеци.

Ромите со сериозни проблеми во пристапот до здравствена заштита

Ромите се соочуваат со сериозни прооблеми кога станува збор за обезбедување на здравствена заштита. Ова е заклучок од јавната дебата Пред законот Ромите се исти, во здравствената пракса се дискриминирани“, којашто се одржа на 1 февруари во Скопје, со цел менување на наративите кон Ромите во здравствените институции.

Говорници на дебатата беа доктор Владимир Трајковски, Јована Јовановска Кануркова, правен советник од Хелсиншки комитет за човекови права во Република Македонија, Данче Гудева Никовска, офицер за здравје и исхрана во канцеларијата на УНИЦЕФ и Љатифе Шиковска, ромски здравствен медијатор и претседател на организацијата „Umbrella“ од Шуто Оризари. Модератор на настанот беше Ирена Мулачка, новинар.

Според истражувањето за пристапот до здравствената заштита на УНИЦЕФ од 2016 година, девет проценти од ромските семејства немаат никакво здравствено осигурување.

-Од тие 9% коишто немаат здравствено осигурување, 15% немаат здравствено осигурување, заради немање на документи за лична идентификација. 18% од жени, на возраст меѓу 15 и 49 години, никогаш не посетиле гинеколог. А дури 49% посетиле пред повеќе од 5 години, што укажува на една ниска здравствена култура, рече Данче Гудева Никовска, офицер за здравје и исхрана во канцеларијата на УНИЦЕФ.

Јована Јовановска Кануркова од Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија, истакна дека Ромите се жртви и на институционални апсурди и дискриминација.

-Имаме случаи и кога не се пуштаат од болница зашто немаат документ. Им се ограничува слободата на движење. Буквално ги држат како затвореници, зашто немале документација не можат да го платат третманот што го примиле во болницата и се држат во болницата. Имавме и такви интервенции, одевме на лице место, да ги ослободат од болница, бидејќи ги држеле токму поради ова, личната идентификација, посочи Јовановска Кануркова.

Љатифе Шиковска, ромскиот здравствен медијатор и претседател на невладината организација „Umbrella“, ја посочи алката меѓу ромската заедница и здравството, а тоа се здравствените медијатори кои на ниво на Македонија ги има само 10.

-Ние постојано апелираме до одредени здравствени институции, значи, законот вреди во Македонија, но има случаи кои што не треба да се враќаат. Ние секогаш се повикуваме упорно на тоа. За жал, ромската заедница сѐ уште не е доволна информирана во однос на нивните права, особено во делот на правата на пациентите, во делот на здравствените услуги и здравјето.

Преку проекти на невладини организации за бесплатни прегледи, голем број Роми добиваат пристап до здравствените услуги. Докторот Владимир Трајковски, осум години соработува со невладината организација ХЕРА од Скопје. 

-Кога влегувам во Шуто Оризари едноставно, заборавам на проблемите, таму е убаво. Значи седум години таму, еднаш неделно, има многу зголемување на бројот на лица што се обраќаат за каква било помош. Не е само за активноста што ја има ХЕРА, во однос на сексуалното здравје и бременоста. Туку за сѐ се обраќаат, истакна Трајковски.

„Менување на наративите кон Ромите во здравствените институции” е проект којшто има за цел да ја подигне свеста кај здравствените работници во пристапот кон овозможување на здравствени услуги за ромската заедница во Република Македонија.

„Пред законот Ромите се исти, во здравствената пракса се дискриминирани“ е прва од две јавни дебати кои се дел од активностите на проектот. Целта на дебатите е да учествуваат важни, засегнати страни во општеството, со цел да се истакнат проблемите, потребите и решенијата за надминување на одредени ситуации со кои Ромите се соочуваат во здравството.

Настанот го организираше Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа, Скопје. Тој е дел од активностите на проектот „Менување на наративите кон Ромите во здравствените институции“, финансиран од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ).

"Проектот менување на наративите кон Ромите во здравствените институции е финансиран од Фондацијата Отворено општество - Македонија"

 Project Partners

IDEA provided me with tools, resources and basics for my debate competition. It helped me get some good counter points to attack my opposition. Thanks to IDEA resources I was able to get additional arguments and pints and more realistic examples.

Rishab Kumar Debater

X